Меган и Хари одбија кралска титулата за синот од страв дека во училиште ќе го викаат глупчо

By

Поранешната кралска двојка Хари и Меган велат дека не сакале нивниот син да ја добие титулата од грофот Дамбартон, Earl of Dumbarton, затоа што неговото име го има зборот dumb, што во превод значи глуп. Тие мислат дека ако ја добие титулата, децата во школо ќе го зафркаваат.

dobivaj vesti na viber

Кралскиот експерт и биограф, Ендру Мортон објасни дека двајцата се откажале од титулата, затоа што мислеле дека така е најдобро за нивниот син.

„Хари и Меган беа против таа титула. Мислеа дека еден ден, кога Арчи ќе тргне во школо, останатите деца ќе го исмеваат“, рече Мортон, кој е автор на книгата Meghan and the Unmasking of the Monarchy: A Hollywood Princess.

Тие не сакале нивниот син да биде зафркаван во школо и јасно им кажаа на другите членови на кралското семејство, дека таквата одлука ќе му ја остават на Арчи кога ќе порасне.

За потсетување, претходно во јавноста се вртеше тезата дека Арчи нема да добие било каква титула, поради бојата на неговата кожа.

„Од палатата велат дека тоа нема никаква врска. Според кралскиот протокол кој го вовел кралот Џорџ V, само оние кои се во рамната линија на наследници можат да добијат титула на принц или принцеза“, рече извор близок до кралското семејство.

Сепак прашањето дали Хари некогаш ќе добие било каква титула останува отворено, пишуваат британските медиуми. Тие пренесоа дека принцот Чарлс направил долгорочен семеен план, со кој значително ќе се намали бројот на членови во кралската монархија.

Планот го направил поради притисокот на јавноста. Најсилна теза е дека Хари и Меган никогаш нема да добијат кралски титули. Се разбира ако Чарлс некогаш седне на престолот.

По сегашното правило, внукот на владетелот го полага правото да биде принц, но и монархијата се менува од време на време, па би можело да дојде до уште некоја промена. Одлуката не е директно насочена против Хари и Меган, тврдат добро упатени извори од кралскиот двор.

Таа е направена по добро изработен план.

„Чарлс сваќа дека јавноста не сака да плаќа голема монархија. Со ова темпо, балконот во Бакингемската палата веројатно би се срушил еден ден“, тврдат тие.

 

Ќе ви се допадне