Меган и Хари во Нов Зеланд дочекани со традиционалниот маори-поздрав

Принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, по посетата на Австралија, допатуваа во Нов Зеланд, каде што пред парламентот беа пречекани со традиционалниот маори-поздрав.

Меган и Хари учествуваа во хонгија, таканареченото триење со носовите со старешините на племето Маори, пренесува Би-би-си.

Кралската двојка присуствуваше и на паујирија, односно церемонија во која се танцува и пее. Тие на аеродромот беа пречекани од страна на премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Арден.

Големиот број обожаватели се собраа за да ги пречекаат и да ги поздрават Меган и Хари. Децата се радуваа што добиле можност да зборуваат со двајцата.

Меган и Хари цело време биле насмеани и уживале во свеченостите што биле приредени во нивна чест. И двајцата цело време се држеле за рака и срдечно разговарале со своите домаќини и собрани обожаватели.

 

Scroll to Top