Меган и Кејт не смеат да прават селфи со фановите

Кралското семејство има строги правила на однесување, а едно од нив е недозволеното правање на селфи со обожавателите. Но, досега многупати се случило двете војвотки Кејт Мидлтон и Меган Маркл да го имаат прекршено ова правило, пишуваат британските медиуми.

Многупати се случило двете да отстапат од протоколот за средба и физички контакт со обожавателите, нешто што не наидува на преголемо воодушевување кај британската кралица Елизабета II. Како што пренесуваат медиумите, досега ниту еден член од кралското семејство пред Меган и Кејт, ја нема прекршено забраната за правење селфи.

Како повод за ваквото правило медиумите ја пренесуваат изјавата на на влијателниот инвеститор Грег Егнју, кој е фанатичен обожавател на кралското семејство.

Тој за време на еден бал во Бакингемската палата кој се случил во мај 2017 година, посочи дека правилото за забрана на правење селфи со фаноите е донесено затоа што таквиот потег се смета за непочитување.

„Причината зошто членовите на кралското семејство не сакаат да прават со фановите селфи, е затоа што луѓето на тој начин им го вратат грбот на кралицата и нејзините блиски. Тоа за кралското семејство е знак на непочит, изјавил Егнју.

Човекот кој инвестира во компаниите „Гугл“, „Фејсбук“, „Епл“ објаснил дека за време на балот на фановите не им е дозволено да им се обратат на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, кои исто така присуствувале на забавата поради безбедноста.

„Не им го вртете грбот на кралското семејство и не се обидувајте да се доближите до еден од членовите за да разговарате со него“, изјавил тогаш Егнју.

Иако Бакингемската палата официјално немала коментар по ова прашање, Меган Маркл вели дека се држи до правилата и дека го има поддржано ова правило. На својата прва кралска турнеја во Нотингем во 2017 година, откако се омажи за принцот Хари, таа вели дека одбила еден брачен пар да направи селфи со неа.

Меган наводно им објаснила дека не може да им го пружи тоа задоволство, затоа што е дел од кралското семејство.

 

 

Викторија Ербитер, експерт и познавач на кралското семејство и кралскиот протокол, изјавила претходно за „Инсајдер“, дека членовите на кралското семејство се остро против фотографирање со фановите.

„Тие секогаш сакаат да имаат лична интеракција со обожавателите, отколку да имаат средби со луѓе кои ги молат за селфи. Од безбедносна точка на гледање, селфињата не се пожелни затоа што бараат близок физички контакт“, изјавила Ербитер.

 

Scroll to Top