Британскиот новинар Омид Скупи, кој е коавтор на биографијата на Меган и Хари, Finding Freedom, откри дека поранешната војвотка ја отпуштила дадилката на Арчи, само неколку дена по ангажирањето. Тие ја ангажирале само за ноќите за да може Арчи полесно да заспие.
„Откако го добија Арчи, тие сакаа да му наметнат навики на спиење, па вработија ноќна дадилка. Но, само по неколку дена, Меган ја отпушти“, открива Скуби.
Скуби не сакал да открие зошто Меган ја отпуштила девојката од правни причини. Но, вели дека тој инцидент е причината зошто таа и Хари се плашат да вработат нова дадилка.
Тие не ја понесоа во Америка ни дадилката што се грижела за Арчи преку ден. Засега не е познато ни дали планираат да ангажираат нова дадилка, но се шпекулира дека околу мајчинството Меган голема помош добива од својата мајка.
За потсетување, Хари и Меган го очекуваат второто дете. Тие налето ќе добијат девојче, но не го открија датумот на раѓање.