Меган ќе работи серија за „Нетфликс“, посветена на значајни жени низ историјата

Поранешната војвотка Меган Маркл ќе работи серија за „Нетфликс“, која ќе биде посветена на значајни жени низ историјата.

Од продукциската куќа на принцот Хари и Меган, „Арчивил“ објавија дека во фокус на серијата ќе бидат авантурите на 12-годишно девојче, кое се инспирира од различни влијателни жени од светската историја.

„Нашиот фокус ќе биде создавање содржина што информира, но исто така дава и надеж. За нас како родители, важно е да создадеме инспиративни семејни програми“, изјавија Хари и Меган.

Меган ќе биде извршна продуцентка на серијата со наслов „Pearl“. Режисерот и продуцент Дејвид Фурниш, кој е сопруг на Елтон Џон, исто така ќе работи на серијата.

„Како и многу девојчиња на нејзина возраст, нашата хероина Прл е на патување за себеоткривање. Се радувам што ‘Арчивел’ ќе соработува со моќната платформа ‘Нетфликс’ на оваа нова анимирана серија, која ќе ги слави исклучителните жени низ историјата“, изјави Меган.

Поранешната кралска двојка Хари и Меган потпишаа повеќегодишен договор со „Нетфликс“. Од компанијата велат дека тие ќе работат на разни програми, ќе снимаат филмови, документарни серии, играни филмови и програми за деца.

Војводата и војвотката од Сасекс се преселија од Канада во Калифорнија во август, откако во јануари објавија дека имаат намера да се повлечат од кралските должности и да работат на обезбедување финансиска независност.

Маркл и Хари изјавија дека сакаат да направат нешто во Калифорнија што има смисла и е важно и имаат намера да почнат со непрофитната организација Арчевел.

Scroll to Top