Кралската двојка принцот Хари и Меган Маркл, кои неодамна се вратија од медениот месец, ја најавија својата кралска тура која вклучува посета на Австралија, Фиџи, Обединетото Кралство Тонга и Нов Зеланд.
Најавената посета на Австралија не е изненадување. Меган претходно изјавила дека ќе го придружува својот сопруг, принцот Хари, на следните Инвиктус-игри во Сиднеј.
Посетата на земјите од Комонвелтот е важен чекор за Меган. Меѓу нејзините кралски обврски е претстојната прва самостојна јавна должност, која ќе ја покаже заедно со кралицата. В четврток Меган ќе го придружува монархот во посета на Честер. Сепак, блиски извори на кралското семејство велат дека кралицата, која ги знае потенцијалните стапици, не им го препушта водството на новите членови во кралското семејство.
Се работи за монархијата. Таа не може да очекува Меган да знае сè, без да ѝ биде покажано како треба, забележа Ингрид Сјуард, автор на биографијата за кралицата, која беше неодамна објавена.