Меган Маркл избрка уште една асистентка лично ангажирана од кралицата

Саманта Коен жената која работела во Бакингемската палата ѝ која лично била ангажирана од кралицата Елизабета II за да ѝ помага на Меган Маркл e втората од вработените што го напушта кралското семејство.

По Мелиса Тумпати, Самнта ќе биде втората помошничка на Меган, која си заминува од кралската палата поради недоразбирањата кои ги имала со војвотката од Сасекс.

50. годишната Австралијанка била клучната личност од лицата во персоналот кои работеле за Меган и принцот Хари. Во моментов таа го одработува својот отказен рок кој треба да истече до пролет. Таа си заминува откако ќе се  породи Меган со првото дете.

Саманта Коен е сопруга на стоматолог ѝ е родена во Австралија, а првата работа во палатата ја добила во 2001 година, благодарение на своите деловни амбиции и способности. Саманта брзо успеала да ги покаже своите деловни карактеристики ѝ да стигне до високите позиции во палатата. На крајот стигнала и до најблискиот круг на соработници и помошнички на Меган Маркл.

Саманта меѓу вработените била позната под надимакот „Саманта пантерка“, а таа била ѝ личнос од највисока кралска доверба. Со кралското семејство минала речиси 17 години.

Саманта е мајка на три деца, а по дипломата на факултетот во Квинсленд, прво работела во државна служба, а потоа во компанија за односи со јавност. Тогаш ја добила ѝ работата во Бакингемската палата.

Работата ја добила за време на посетата во Лондон, кога се пријавила на оглас од весник кој бил раздаван од палатата. Веќе во 2003 година станала заменичка на главниот и одговорен човек во пијар тимот. Саманта по четири години станала првата жена поставена како главна и одговорна личност на пијар тимот во Бакингемската палата.

Дека им била важна на кралското семејство, особено на кралицата, говори фактот дека Саманта била поставена за службено официјално лица за време на кралското венчавање меѓу Хари и Меган во мај. Наводно таа била задолжена да ѝ помага на Меган во нејзиното прво појавување како нова членка на кралското семејство во палатата.

Scroll to Top