Меган Маркл напиша книга за деца инспирирана од Хари и Арчи

Меган Маркл на 8 јуни ќе ja објави книгата за деца The Bench, која раскажува за односот меѓу таткото и синот, објави издавачот „Рендом хаус“. Детската книга, инспирирана од Хари и Арчи, ја илустрира уметникот Кристијан Робинсон. Книгата ќе има и аудиоверзија, а ќе ја чита Меган, рече издавачот.

„The Bench настана како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Таа песна стана оваа приказна. Се надевам дека книгата ќе го најде местото во секое семејство“, рече војвотката.

Scroll to Top