Меган Маркл е повторно бремена, се некои од насловните страни на британските медиуми, откако во јавноста се појавија фотографии од војвотката од Сасекс, на кои таа носи широка облека.
Меган со принцот Хари и синот Арчи се наоѓа на турнеја во Африка, а досега ниту таа, ниту од кралската палата ги немаат негирано ваквите шпекулации.
Американката и претходно не криеше дека стака да стане мајка по втор пат и дека наскоро со сопругот планираат да имаат уште едно дете. Последен пат кога медиумите објавија дека Меган и Хари ќе станат родители, двајцата беа на служебно патување во Австралија.
И тогаш Меган постојано се обидуваше да го сокрие трудничкото стомаче носејќи широки фустани и капути. Медиумите и овој пат сметаат дека војвотката го прави истото.