Меган Маркл и принцот Хари не сакаат свадбени подароци

Еден месец пред свадбата на британскиот принц Хари и Меган Маркл од Кенсингтонската палата испратија соопштение за јавноста во кое се вели дека двојката не сака свадбени подароци туку донации. Меган и Хари избрале седум организации на кои им се потребни пари, па ги повикуваат гостите, но и сите Британци кои испраќаат подароци до кралското семејство за свадбата, наместо подарок да донираат во некоја од овие добротворни организации.

Меѓу организациите е Здружението за борба против ХИВ кај децата, фондацијата „Мина Махила“, која им помага на сиромашните жени во Мумбаи, добротворната организација за бездомници во кризна ситуација, но и „Скотис
литл солџерс“ која им помага на децата што ги загубиле родителите за време на воената служба во британската армија.

Свадбата на Меган и Хари е закажана за 19 мај.

Scroll to Top