Меган му забрани на Хари да пие алкохол

Војвотката Меган Маркл му забранила на својот сопруг принцот Хари да пие алкохол. Како што пишува Daily Mail, војвотката за време на нејзината бременост, му забранила на својот сопруг да пие и кафе и чај.

На принцот Хари му е дозволено само да конзумира минерална вода. Пријател близок до Меган, вели дека војвотката се одлучила на ваков чекор, за да не мора сама да минува низ промените во текот на бременоста.

„Хари отсекогаш беше човек мераклија за забави ѝ сакаше да посегне по чашката алкохол. Ова што го направи Меган е големо постигнување за неа. Новиот режим повеќе нема да го направи Хари да биде најзабавниот гостин на забавите. Сега дефинитивно ќе биде посмирен и поопуштен“, додава пријателката на Меган.

Долгогодишната традиција во британското кралско семејство е ден по Божик, да се оди на лов, нешто што нималку не го поддржува Меган. И покрај нејзините желби, кралското семејство нема намера да ја промени оваа традиција.

За разлика од Меган, нејзината јатрва Кејт Мидлтон обожава да оди на лов. Таа годинава им се приклучи на машките членови на кралското семејство. Како што пренесуваат британските медиуми, Кејт заминала на лов, дента откако Меган го напушти Сандрингем, местото каде семејството го прослави Божик.

„Кејт често оди на лов кога е во посета на кралскиот имот во Сандрингем. Веќе стана одлична во ловот. Сакал лов, риболов, го обожава селскиот начин на живот“, вели пријател на кралското семејство.

Сепак неименуваниот извор негира дека Меган покрај пиењето алкохол, му забранила на својот сопруг принцот Хари да замине на лов.

„Меган има сватено дека кралското семејство ловот го има сватено мошне сериозно и дека тоа е еден вид на традиција веќе со години. Меган не е вегетаријанка, но не сака беспотребно покажување на суровост кон животните“, објаснл пријателот на војвотката, кој не е сигурен како Меган се чувствува поради тоа што Кејт заминала на лов со нејзиниот сопруг и останатите членови на кралското семејство.

 

 

 

Scroll to Top