Меган не ја интересира што татко ѝ доживеал срцев удар, обвинува Саманта

By

Саманта Маркл повторно ја нападна нејзината полусестра Меган Маркл за отсуството на грижа за нивниот татко Томас, кој неодамна доживеал два срцеви удари. Таа ја обвини за недостиг на грижа на совест по новиот документарец „Хари и Меган: Африканското патување“, кој кралската двојка го сними на турата во Африка.

„Иако глуми голем хуманитарец и мајка, таа нема ниту грам грижа за семејството. Кога го гледав документарецот и како одговара на прашањата, за тоа како се чувства како мајка, само помислувам на нашиот татко и неговата тешка состојба. Таа ниту еднаш не се јави да праша како се чувствува по двата доживеани срцеви удари “, вели Саманта.

Меган во документарецот му се пожали на новинарот дека малку луѓе ја прашале како таа се чувствува сега како мајка и сопруга. Војвотката се пожали на притисокот од јавноста, поради кои не се снаоѓа баш најдобро во улогата на мајка. Саманта вели дека е смешно кога некој со милиони кој го шета светот со авиони, се жали на било што.

Меган во документарецот изјавиле дека пријателите ја предупредиле дека по венчавката со принцот Хари, таа постојано ќе биде под окото на јавноста и постојано ќе биде изложена на притисок. Саманта, како што пренесува „Фокс њуз“, пак вели дека таа точно знаела во што се впушта. Саманта ја обвини Меган дека нејзиниот план уште од почеток бил да го заведе принцот Хари и да влезе во кралското семејство по секоја цена.

„Меган знаеше што прави и го доби тоа што сакаше“, изјавила Саманта.

Ќе ви се допадне