Меган облече шорц во јавност, првпат по откажувањето на кралските должности

Пред почетокот на новата учебна година принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл помагаа во дистрибуција на училиштен прибор, облека, средства за лична хигиена и други производи, кои им се потребни на децата за безбеден почеток на училиште.

Актерката првпат по откажувањето на кралските должности, во јавноста се појави во куси шорцови. Со овој свој избор на облека Маркл им се врати нa опуштените и комотни комбинации.

Меган за таа пригода избрала куси бермуди во војничка зелена боја, бела летна кошула и спортски бели патики.

И принцот Хари избрал слична облека. Бела поло-маичка, темносиви бермуди, спортски сиви патики, заштитна маска.

 

 

Scroll to Top