Меган Маркл често откако влезе во кралското семејство е забележана како носи сина боја на фустани. Експерите велат дека на овој начин војвотката од Кембриџ сака да изгледа истовремено и професионално и елегантно.
Модните критичари велат дека сопругата на принцот Хари покажала дека поседува вистинско мало царство кога е во прашање облеката, нешто на кое можат да и позавидат голем број на жени.
Благодарение на елегантните стајлинзи, Меган многу брзо се најде на местото на модна икона. Таа во моментов е најпопуларна членка во кралското семејство, особено кога во јавноста се дозна дека наскоро ќе стане мајка.
Модните експерти по следењето на нејзините досегашни стајлинзи, заклучиле дека Меган воглавно се определува за темно сина боја. На тој начин тие велат дека Меган сака да остави впечаток на сериозен член во семејството.
На овој начин таа може со многу внимание, љубов, но истовремено и професионалност да ги извршува задачите кои ќе и ги довери бабата на нејзиниот сопруг принцот Хари, кралицата Елизабета II.
„Кога се работи за психологија на бојата, сината се однесува на умот. Темните нијанси на сината боја, сугерираат на доверба, логика и знаење. Им се припишуваат и должноста и професионалноста и се дава повеќе емоции отколку на црната боја“, вели Карен Халер, психолог која се специјализирала за боите.
Меган на својата турнеја низ Австралија променила дури 41 комбинации.
„Потсвесно сакала да докаже и покаже дека својата прва голема турнеја ќе ја одработи без грешка. Носејќи сина, таа сакала да ја задржи концентрацијата и фокусот на должноста кои од неа се очекуваат“, вели Карен.
View this post on Instagram
#meghanmarkle Blue looks 💙 Comment below you favourite! 1-8 #duchessofsussex