Војвотката од Сасекс Меган Маркл, сака да се врати во светот на глумата и шоубизнисот, пишуваат британските медиуми. На Меган и е здосаден кралскиот начин на живот и често е фатена како ги крши кралските традиции, нешто на што кралското семејство инсистира.
Медиумите пишуваат дека таа во последен момент ги променила кралските планови и одлучила да замине за Њујорк, каде ќе ја поддржи својата пријателка тенисерката Серена Вилијамс во финалето на „УС Опен“. Меган летала со комерцијален лет, а принцот Хари и четиримесечниот Арчи останале во Британија.
„Меган сака забрзан начин на живот и свет на шоубизнисот. Целиот живот ја користела својата амбиција и талент за да создаде успешна кариера и да се докаже. Не сака традицијата и критиките да ја запрат од она што таа го има наумено за себе“, вели неименуван извор за британските медиуми.
Меган веќе некое време е една од најомразените личности во светот на богатите и славните, а секој нејзин чекор и потег предизвикува критики во јавноста. Војвотката неодамна формирала свој приватен пијар тим, на кој му соопштила дека не сака да се плаши да ги крши правилата на кралското семејство.
Таа своите планови им ги открила на затворен состанок. Медиумите пишуваат дека на Меган поважно и е што мислат американските, а помалку британските медиуми. Таа од својот тим очекува да создаде од неа глобален бренд. Како што пренесуваат британските медиуми, кралската двојка има агресивен пристап кон медиумите.
Тие пишуваат дека Меган не може само да ангажира пијар компанија која ќе ја претставува и потоа од неа да очекува чуда. Меѓу остантото пости голема разлика меѓу британските и американските пијар компании. Тоа се два различни начини на живот и размислувања.