Мeкензи преку ноќ заработи милијарди и оттогаш не се појавува во јавност

Мeкензи Безос поранешната сопруга на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, целосно се повлече од јавноста по нивниот развод и добивката од неколку милијарди долари. Таа вели дека толку многу пари не ѝ требаа и дека истите ќе ги насочи на вистинската адреса.

Мeкензи, од разводот со Безос излезе побогата за 35 милијарди долари и помал дел од акциите на компанијата „Амазон“. Тоа автоматски ја направи една од трите најбогати жени на светот.

Магазинот „Форбс“ обајви дека во само еден ден поради досегашниот рекорд на цените на акциите на Амазон“, најбогатиот човек на светот досега заработил нешто повеќе од 6 милијарди долари преку ноќ, а сметката сериозно се зголемила и на Мeкензи, која во однос на вчерашниот ден е побогата за 2 милијарди долари.

Нејзината вредност во моментот се проценува на 45 милијарди долари. Сепак како што претходно тврдела, милијардите не ѝ се важни. За да ја поткрепи својата изјава, таа се приклучи на иницијативата The Giving Pledge, која ја покренаа милијардерите Бил Гејтс и Варен Буфет и се обврза дека барем половина од своето богатство ќе го остави во хуманитарни цели.

По разводот со Џеф, таа се повлече и го врати животот од претходно, кој бил далеку од очите на јавноста. Макензи напишала неколку книги, а со Безос има четири заеднички деца. Безос сега е со неговата љубовница Лорен Санчез, со која претходно неуспешно се обиде да се сокрие од јавноста. Љубовниот живот на Макензи и натаму останува мистерија.

Во секој случај, идниот партнер ќе може без проблем да го издржува. Според проценките, тој може да троши по милион долари секој ден, во наредните 123 години, пред да го исцрпи целото богатство.

Scroll to Top