Меколи Калкин и Бренда Сонг ќе прават свадба, невестата ја промовира венчаницата

Актерката Бренда Сонг ја потврди свршувачката со Меколи Калкин. Двојката беше заедно некое време, откако првпат се запознаа на сетот на комедијата драма на Сет Грин, Changeland од 2017 година.

Во април 2021 година тие станаа родители на синот Дакота, именуван по сестрата на Калкин, која почина во 2008 година.

Се шпекулираше дека парот се свршил на почетокот на оваа година во јануари, а Сонг беше забележана како носи прстен. Сепак, ниту еден од нив тогаш не ја потврди веста. Сега, во објава на Инстаграм во која ја промовира својата невестинска колекција, Сонг официјално ја потврди венчавката.

„Многу сум возбудена што ќе ја претставам мојата невестинска колекција денес. Свршувачката и планирањето свадби беше неверојатно, едвај чекам да ги споделам сите овие прекрасни рачно изработени предмети со вас. Оваа колекција ќе ви помогне да ги најдете совршените парчиња за вашиот свадбен ден“, напиша таа во објавата.

На социјалните мрежи корисниците коментираат дека објавата може да се протолкува како интимна објава и реклама, и покрај тоа што ѕвездата од „Сам дома“ не се споменува во објавата или на фотографиите. Дека парот сè уште е заедно, покажуваат и низата фотографии кои ги објавуваат на своите профили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brenda Song (@brendasong)