Меколи Калкин на 10 години стана милионер, но заради татко му брзо го допре дното

Актерот Меколи Калкин, познат по улогата во филмот „Сам дома“, вчера наполни 39 години, а за себе вели дека уште во раните години успеал да заработи милиони. Сепак, парите што ги заработил му донеле само несреќа во неговиот живот. Татко му постојано го малтретирал, што резултирало тој да да стане зависен од недозволиви супстанци.

Во текот на својот живот тој вели дека минал низ агонија, депресија и анксиозност. Како дете постојано бил малтретиран. Татко му му го трошел целото богатство. Кога нема да сакал да глуми, го присилувал.  На 14 години Меколи му се спротивставил и објавил дека се повлекува од глумата.

Тогаш во семејството почнале расправиите, што резултирало нивниот татко да ги напушти. Била покрената борба за старателство над тогаш сè уште малолетниот Меколи.

„Тој сакаше да има контрола на сè, но знаеше да седне и да игра со мене“, изјавил Калкин, кој тврди дека татко му не го тепал, но психички го малтретирал.

Калкин пораснал во големо семејство со уште пет деца. Неговата најстара сестра  починала од предозирање пред 17 години, а другата сестра настрадала во сообраќајка. Преостанатите четири браќа се обиделе да влезат во светот на шоубизнисот, но Меколи бил убедливо најуспешен.

Светската слава му ја донеле филмовите како што се „Сам дома“, „Ричи Рич“, а играше и во спотот на Мајкл Џексон за песната Black and White.

Неговото богатство се проценува на 11 милиони, а татко му и мајка му непрекинато се бореле за тоа кој да ги наследи парите и да води сметка за детето. Поради судските трошоци, семејството во еден момент живеело на работ на егзистенција.

На крајот, Калкин успеал да го сочува своето богатство, но тогаш го прекинал секој контакт со татко му и мајка му. Денес Меколи тврди дека се извлекол од канџите на пороците и дека живее ден за ден.

Култниот филм „Сам дома“ ќе добие свое продолжение, со оглед на тоа дека продукциската куќа „Дизни“ одлучила да направи најнов римејк кој ќе ги приближи лудориите на малото момче за новите генерации.

Денес актерот не личи на себе и на детето  што го знаеме од „Сам дома“. Меколи за себе вели дека сега води живот како да е во пензија. Успеал да заработи големо богатство благодарение на одличната глума.

„Денес работам сè и сешто, но сум без работа. Би можело да се каже дека сега се однесувам како да сум во пензија, но можам да си дозволам убав живот“, изјавил Меколи.

 

Scroll to Top