Првото и воторо продолжение на филмот „Сам дома“ дефинитивно спаѓа во најпопуларните божиќни филмови, а веќе со години фановите ги следат успоните и падовите на неговата ѕвезда, актерот Меколи Калкин.
Сега изгледа дека конечно си го средил животот, а во неодамнешното гостување во „Вечерното шоу со Џими Фелон“, откри која „дупка“ во филмот „Сам дома“ го мачи сите овие години.
И двете продолженија им се добро познати на сите, а релативно богатото семејство Мекалистер заминува на божиќно патување, а во сплетот на околностите, едно од децета, Кевин ќе го заборават дома.
Двајца крадци доаѓаат во нивниот кварт со намера да изведат голем грабеж, а особено примамлива им е куќата на семејството Мекалистер. Имаат на ум да ја ограбат, но низата на замки поставени од осумгодишното момче Кевин ќе ги спречи во намерата.
Токму во тоа сценарио, Калкин, кој го толкува главниот лиг, пронаоѓа голем пропуст.
„Тој мал, а така паметен, зар не? Двајца ликови провалуваат во неговата куќа, зошто едноставно не повика полиција? Тој ќе гнаправи голем план, ќе користи микроуреди, но реално, постојат телефонски линии, нема мобилен, но сепак. Мислам дека тука има една огромна дупка во сценариото, изјави Калкин Фалон.
Калкин донеодамна имал бенд чии песни воглавно биле обработени, а главната тема на текстовите била речиси секогаш пицата.