Мексиканката Ванеса Понче е најубавта жена на светот

Мексиканка Ванеса Понче де Леон (26) е  Мис на светот. Таа вчера беше избрана во туристичкото место Саниа, на југот на Кина, кога се одржа  68. меѓународен натпревар за престижната титула Мис на светот.

За прва придружничка избрана е претставничката на Тајланд, а втора убавицата од Уганда.

Ванеса е манекенка, работи како волонтер во организација на поддршка на мигранти, има диплома по Меѓународен бизнис и е во Управниот одбор на директори на Центар за рехабилитација за девојки кои претрпеле насилство.

Меѓународниот конкурс Мис на светот се одржал за првпат во 1951 година по иницијатива на Британецот Ерик Морли и неговата сопруга Џулија Морли. На овогодинашниот натпревар присуствуваа претставници од 118 земји и региони на возраст од 18 до 26 години.

Македонија, неколку години по ред нема своја преставничка.

Scroll to Top