Мел Би и нејзиниот сопруг имале секс во тројка со дадилката

Поранешната британска пејачка и членка на групата „Спајс грлс“, Мелани Браун, и нејзиниот поранешен дечко Стивен Белафонте, имале секс во тројка со дадилката, пренесуваат британските медиуми.

Пејачката, која денес полни 45 години, често ја следеа скандали во кариерата, а еден од нив беше и љубовниот триаголник со дадилката Лорен, која останала трудна веднаш по крахот на нејзиниот брак во 2017 година.

Еден од најголемите скандали по кои ќе биде запаметена е оној со дадилката Лорен, која пејачката ја обвинила за распадот на нивниот брак. Пејачката и нејзиниот сопруг наводно биле во отворена врска, а во јавноста се шпекулира дека Мел и Лорен биле во врска и седум месеци без Белафонте.

Мел Би во деведесеттите години беше позната и по скандалот со аферата со поранешната „спајсица“ Гери Хорнер. Деталите во јавноста испливаа во март минатата година по што настана голем скандал за кој се пишувало со денови.

„Бевме најдобри пријателки и од никаде почнаа да се случуваат многу работи околу нас. Се насмеавме и тоа беше тоа“, раскажала Мел во едно од своите интервјуа додавајќи дека Гери нема да одобри тоа што таа јавно проговорила за нивниот однос.

„Гери сигурно ќе ме мрази затоа што таа живее убаво во својата голема прекрасна селска куќа со нејзиниот сопруг. Се надевам дека Гери нема да се налути и да го демантира ова затоа што станува збор за смешна работа“, изјавила Мел.

Пејачката Мелани е позната и по својот раскошен живот и таа отсекогаш можела да си дозволи луксузни работи. Таа и својот поранешен сопруг Белафонте секогаш престојувале во луксузни вили со батлер, патувале со приватни авиони, а Мел во колекцијата има толку дизајнерски чанти, што веројатно ни самата не го знае нивниот број.

Scroll to Top