Мел Би во врска со 13 години помлад фризер

Поранешната членка на британската музичка група „Спајс Грлс“, Мел Би, е во врска со 13 години помлад фризер Рори Мекпхејем. Двајцата ги запознал актерот Кристијан Кук, кој е и роднина на пејачката. Двајцата биле видени пред една недела на венчавка на нивен пријател.

Мел по наводната аферата која излезе во јавноста со победникот од шоуто „Икс Фактор“, Џејмс Артур, сега повторно е заљубена, пишуваат британсите медуми.

„Двајцата се прајатели долго време. Прв пат се запознаа пред две години, но се воздржуваа да се појавуваат заедно во јавност. Двајцата се среќни заедно. Мел не сака сериозна врска, а Рори е многу опуштен“, изјавил нивен близок пријател.

Изворот додава дека двајцата почнале да се гледаат откако пејачката се развела од нејзиниот поранешен сопруг Стефан Белафонте.

 

 

Scroll to Top