Актерот Мел Гибсон веќе некое време има проблем со вишокот килограми, но поради една жена успеа да се доведе во топ-форма и да ослабне 14 килограми за осум недели.
Актерот својата нутриционистка Саманта Џексон, ја запознал во ресторан во Сиднеј, каде барал локација за снимање на совјот нов филм. Самата му се доближила и му рекла дека може да му помогне.
Гибсон на драго срце веднаш прифатил. Двојката си размениле броеви и комуницирале преу пораки на FaceTimea, а актерот по само неколку недели стопил повеќе килограми, пишува „Дејли Мејл“.
„Се слушаме по цели денови. Си разменуваме околу триесетина пораки дневно. Задоволна сум од тоа како напредува и драго ми е што се држи до моите упатства“, изјавила Саманта.
Мел Гибсон за осум недели изгубил 14 килограми и сега вели дека се чувствува многу подобро од порано.
„Се плашев дека нема да можам да променам ништо кај себе. Сега можам да се облечам во мојата стара облека и грбот повеќе не ме боли. Спијам многу подобро. Ми се виде како чудо. Се чувствувам многу добро и здраво“, раскажал Гибсон, кој секој ден, со трите главни оброци, пие и протеински шејкови и вежба.
„Се на се, сега имам многу повеќе енергија од порано“, вели Мел Гибсон.