Мел Гибсон заработи отказ поради навреда на Евреите

Холивудскиот режисер, глумец и продуцент Мел Гибсон (64) го изгуби ангажманот во долгоочекуваното продолжение на „Нетфликс“, анимираниот филм Chicken Run, по неколкуте негови испади и навреди на сметка на неговата колешка Винона Рајдер само затоа што е Еврејка.

Извори блиски до продукцијата тврдат дека Гибсон заработил отказ како реакција на антисемитскиот инцидент. Ова не е првпат глумецот да биде поврзан со вакви испади.

Тој во 2006 година првпат беше обвинет за антисемитски коментари, откако изјавил дека Евреите се заслужни за сите војни во светот. Четири години подоцна се појавија и снимки со негови расистички коментари.

Виона во интервју за „Сандеј тајмс“ проговорила меѓу останатото и за спорната забава во 1995 година, на која Гибсон ѝ упатил некоректни пораки врзани со нејзината вера.

Гибсон наводно ја прашал дали таа ја избегнала печката за разлика од другите Евреи, а нејзината геј-пријателка ја прашал дали може да се зарази со сида. Адвокатскиот тим на Гибсон ги негирал уште тогаш ваквите обвинувања, за кои тврделе дека се лажни.

„Верувам во прошка и се надевам дека господин Гибсон ќе најде здрав начин да се носи со своите демони, но јас не сум еден од нив“, изјавила подоцна Виона за Variety

 

Scroll to Top