Меланија и Обама на дружба

Откако излезе во јавност заедничката фотографија на поранешната и актуелната прва дама на Белата куќа, медиумите се обидуваат да дознаат што си кажале една на друга. Фотографот, Пол Морс вели дека дамите Обама и Трамп биле многу учтиви една со друга, а на фотографијата се гледа дека се пријателески расположени. Тој вели дека размениле мислења, но не успеал да дознае што точно била нивната тема на разговор.

На фотографијата која е направена за време на погребот на Барбара Буш, се најдоа и поранешните претседатели Буш и дамата Лаура Буш, Барак Обама, Бил и Хилари Клинтон.

Scroll to Top