Меланија Трамп итно оперирана

Меланија Трамп вчера била примена во болница во Вашингтон каде што итно ѝ била направена операција на бубрегот, соопшти нејзината портпаролка Стефани Гришам.

„Ова утро првата дама Меланија Трамп беше подложена на процедура наречена емболизација за лекување на бенигната бубрежна состојба. Процедурата беше успешна и без компликации“ стои во соопштението.

48-годишната Меланија била оперирана во националниот воен медицински центар „Волтер Рид“ и таму ќе остане до крајот на неделата. За време на операцијата, претседателот Доналд Трамп бил во Белата куќа, а по операцијата со хеликоптер бил пренесен до медицинскиот центар.

По посетата на Меланија, Трамп на „Твитер“ напиша дека неговата сопруга е добро расположена.

Scroll to Top