Мерил Стрип бесна на Харви Вајнштајн што го искористил нејзиното име

Мерил Стрип збеснала затоа што некогашниот прв човек на Холивуд, Харви Вајнштајн, ја искористил во своја одбрана во еден од судските процеси што се водат против неа.

Но, како што изјавила оскаровката, тоа што Харви не бил сексуално непријатен кон неа и затоа што психички не ја малтретирал во текот на нивните деловни врски и односи не е доказ дека не навредил или понижил многу други жени што доживеале такво лошо однесување.

Мерил потегот на Харви во кој го искористил нејзиното име, заедно со Гвинет Палтроу и Џенифер Лоренс, за да помогне во неговиот случај, го нарекла патетичен и експлоативен.

„Кривичните дела за кои е обвинет дека ги извршил врз телата на тие жени се негова одговорност и ако има правда во системот, ќе плати за нив“, порача глумицата.

 

Scroll to Top