Мерил Стрип се разведува по 45 години брак

Легендарната холивудска актерка Мерил Стрип се разведува по 45 години брак. Таа откри и дека таа и нејзиниот сопруг Дон Гамер не живеат заедно со години.

Оскаровката и прославениот скулптор се разделени повеќе од шест години, како што откри портпаролот на актерката во изјава за американскиот Пејџ Сикс.

„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да не живеат заедно“, рече портпаролот.

Двојката има четири деца и пет внуци.

Мерил и Гејмер ги запозна нејзиниот брат Хари во 1978 година.

Стрип и Гејмер се венчаа истата година и оттогаш ја чуваа својата врска подалеку од очите на јавноста.

Scroll to Top