Меси е најплатениот спортист во светот

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси со 127 милиони долари е најплатениот спортист на светот. Овој податок го објавил угледниот магазин „Форбс“.

Меси на оваа листа се нашол пред неговиот колега од Јувентус Кристијано Роналдо со 109 милони долари, а потоа следи и бразилската фудбалска ѕвезда од Пари Сен Жермен со 105 милиони долари.

Зад фудбалската тројка се најде боксерот Канело Алварез со 94 милиони долари, а потоа следат швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со 93,4 милиони долари, играчот на американски фудбал Расел Вилсон со 89,5 милиони долари и Ерон Роџерс со 89,3 милиони долари.

Листата од десеттемина најплатени спортисти во светот ја комплетираат кошаркарот од НБА-лигата Леброн Џејмс со 89 милиони долари, Стефан Кари со 79,8 милиони долари, Кевин Дурент со 65,4 милиони долари и голф-ѕвездата Тајгер Вудс со 63,9 милиони долари.

Српскиот и прв тениски рекет во светот Новак Ѓоковиќ се најде на 17. место на листата на „Форбс“, со заработка од 50,6 милиони долари.

Scroll to Top