Ѕездата на Барселона, Лионел Меси, не покажа добро чвуство за бизнис како сопственик на луксузен ресторан во Барселона.
Локалот Bellavista del Jardin del Norte, познат како ресторан на аргентинската суперѕвезда, се затвори само две години по неговото отворање. Економската криза, атентатите и намалениот туризам се посочуваат како најголеми причини за пропаѓањето на бизнисот на Меси. Ресторанот беше простран и луксузен и во него се служеше медитеранска кујна.