Меси купи хотел со пет ѕвезди

Фудбалерот на „Барселона“, Аргентинецот Лионел Меси купи хотел на Ибица. Тој пред една година го купи хотелот MiM Sitges во Барселона, а сега инвестираше во нов луксузен хотел на Ибица.

Според шпанските медиуми Меси го купил хотелот Es Vive, еден од најлуксузните на островот. Хотелот се наоѓа на само неколку метри до позната плажа „Фигуеретас“.

Хотелот има 52 луксузно опремени соби, базен, СПА центар. Овој хотел е со со пет ѕвезди. Едно ноќевање во хотелот на Меси чини од 520 евра нагоре.

Scroll to Top