Мет Дејмон се разведува по 15 години брак

Холивудскиот глумец Мет Дејмон ќе се разведе по 15 години брак, пишуваат светските медиуми. Како што пишува магазинот „Стар“, Мет веќе повеќе од два месеци го нема на себе венчалниот прстен, а најголем проблем во врската со Лусијана Баросо е тоа што тој премногу пие.

„Двајцата имаат проблеми, а многу пријатели се загрижени дека ќе се разведат. Неговата љубов кон пивото кое го пие сè повеќе и повеќе, од ден во ден ѝ задава сè поголеми главоболки на Лусијана. Веќе некое време таа сака да го доведе во ред, но безуспешно“, открива изворот.

Другата негова лоша навика е тоа што често знае да побегне од куќата.

„Кога и да му се укаже прилка Мет бега од дома. Веројатно му треба простор по долгиот период на пандемија кој го мина затворен во куќата со семејството. Лусијана е фрустрирана и затоа што тој не води грижа за децата“, додал изворот.

Тие во бракот ги добија трите ќерки, 14 годишната Изабела, 12 годишната Џија и деветгодишната Стела.

Scroll to Top