Мет Лебланк се повлекол од глумата поради тешката болест на ќерка му

Актерот Мет Лебланк кој се прослави во улогата на Џои во популарната серија „Пријатели“, вели дека поради тешката животна ситуација во која се нашол, бил принуден да се повлече од глумата и дека гласините за продолжување на сријата биле невистинити.

„Никогаш не вели никогаш, но во случајот со „Пријатели“, би рекол дефинитивно никогаш“, изјавил Мет.

Но, ова не е единствената серија во која Лебланк вели дека не би глумел.

„Ја одбив улогата на татко во серијата „Модерно семејство“. Сценариото беше одлично, но јас не сум тип за тоа“, открил Мет.

Лебланк признава дека поради болеста на својата ќерка се повлекол од глумата и дека во тие моменти семејството му било на прво место.

„На мојата ќерка и беше дијагностицирана тешка дијагноза. Проблем со мозокот, еден облик на дисплазија, но сега е добро. Работата во тие моменти никогаш не можеше да ми биде приоритет. Сватив дека семејството ми е приоритет и дека сето останато е во втор план“, вели Мет.

Актерот се присетува на тешките моменти поради кои за малку ќе доживеел нервен слом кога се развел од сопругата Мелиса Мекнајт со која бил во брак од 2003 до 2006 година и со која ја има ќерката. Вели дека тогаш запоставил се па едно време не сакал никаде да оди ниту имал некаков распоред во животот.

„Со години не излегував од дома. Прегорев, не сакав да имам распоред, ниту желба за некаде да одам. Тогаш можев да си го дозволам тоа, но мојот агент беше надвор од себе, ќе споулавеше“, вели искрено Мет.

 

 

 

 

Scroll to Top