Метју Маконахи: Татко ми доживеа срцев удар додека имаше секс со мајка ми

каровецот Метју Меконахи за првпат отворено проговори за смртта на неговиот татко Џејмс, кој починал во 1992 година. Глумецот откри дека бил потресен од веста дека го загубил татко му и кога слушнал почнале да му се тресат колената и едвај се додржал на нозе.

„Не можев да верувам дека го изгубив мојот татко. Мислев дека никој и ништо не можеше да го убие освен јас. Секогаш ни говореше на мене и моите браќа дека кога ќе замние, тоа ќе се случи за време додека води љубов со мајка ни. И така се случи. Доживеа срцев удар додека имаше секс со неа“, изјавил глумецот.

Меконахи откри дека односот на родителите отсекогаш бил турбулентен. Двајцата понекогаш знаеле да бидат насилни еден кон друг. Двапати се разведувале и трипати се венчале.

„Нивниот живот беше како Тихиот океан во бура“, изјавил Меконахи.

 

Scroll to Top