Метју Меконахи бил сексуално злоупотребен како дете: По траумата татко ми ме научи што е здрав секс

By

Холивудскиот актер Метју Меконахи (52) бил принуден на секс на 15-годишна возраст и во разговор со неговиот татко му било јасно што е здрав секс, а што не, и веднаш бил свесен дека тоа што му се случува е погрешно, овие детали актерот ги открил во едно неодамнешно интервју.

dobivaj vesti na viber

Во неговите мемоари „Зеленото светло“ филмскиот актер пишува за дрогата и сексуалното злоупотребување што ги доживеал како тинејџер и како подоцна на вистински начин пристапувал кон сексуалните односи.

Метју сподели како неговите родители го научиле да има почит во такви ситуации и што значи согласност.

„Татко ми ми рече: ‘Ако некогаш почувствуваш дека девојката се двоуми, престани’“, раскажал актерот,  додавајќи дека татко му дури му рекол дека тој самиот може да го почувствува  тоа, дури и ако неговата партнерка му вели да продолжи, подобро е да застане и да почека до следниот пат.

Тој додава дека и покрај тоа никогаш не се чувствувал како жртва.

„Бев сигурен дека ќе одам во пеколот поради сексот пред брак. Денеска само се надевам дека тоа не е така”, рекол актерот.

Тој раскажува дека по тоа морал да има здрав секс и да биде со девојки што му се допаѓаат, што на почетокот било тешко.

„Но, полека научив да бидам интимен и тоа беше убаво, но и незгодно. Подоцна не беше толку грдо како на почетокот”, рекол Метју.

Тој открил и дека бил малтретиран на 18 години. Се онесвестил во задниот дел од комбе, но не сакал да открие што точно се случило. И покрај траумата, актерот никогаш не отишол на терапија, но вели дека многу блиски луѓе му помогнале да продолжи. Меѓу нив е и неговата сопруга Камила Алвес.

„Премногу го сакам животот и верувам во него, верувам во луѓето. Довербата сè уште е мојот приоритет број еден. Нема да го поминам животот носејќи го тој багаж“, рекол актерот.


Ќе ви се допадне