Метју Пери бара девојка на интернет

By

Популарниот холивудски глумец, Метју Пери, кој се прослави во хумористичната серија „Пријатели“, бара девојка преку интернет. Пери, кој неодамна раскина со 21 години помладата глумица Моли Хурвиц, сега повторно бара нова девојка, пишува британски „Мирор“. Пред Моли, Пери се забавуваше со глумицата Лизи Каплан.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат медиумите, Пери, новата девојка ја бара преку апликацијата „Реј“.

„Пери се врати на пребарувањето на девојки на интернет. Тој им пишува пораки и чека повраден одговор“, пишуваат медиумите.

Пери и претходно имал профил на оваа апликација, но го избришал кога ја започнал врската со Моли.

Хурвиц на пријателите им говорела дека Пери бил приземјен тип и дека не трча по славата. Сепак пријателите нејзни сметаат дека тоа и не е баш така.

„Таа тврдеше дека не е важна славата на мажот со кого е во врска, но всушност го сакаше вниманието кое го добиваше поради Метју. Двајцата се запознаа пред две години, а првпат беа видени заедно на крајот на 2019 година. Моли му беше голема поддршка во борбата со зависноста од дрогата и алкохолот. По прекинувањето, двајцата останаа во пријателски односи“, велат извори блиски до Моли.

 

 

Ќе ви се допадне