Метју Пери десет години не снимил филм – тажната приказна на Чендлер

Актерот Метју Пери беше една од најголемите телевизиски ѕвезди во деведесетите години. Денес 50 годишниот актер со својот изглед ги загрижи милиони фанови кои ги има низ целиот свет. Светските медиуми излегуваа со натписи дека популарноста му удрила во глава.

Пери неколку пати бил на одвикнување од алкохол, а еднаш се пошегува дека е награден алкохоличар. За него е познато дека по само една епизода од популарната серија „Пријатели“, заработувал по еден милион евра. Познат по улогата како Чендлер, Пери имал турбулентен живот. На почетокот тој ги воодушевуваше фановите со својот хумор.

Пери славата ја стекна по улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“. Иако неговиот почеток во кариерата бил успешен, во последните неколку години, светските медиуми повеќе пишуваат за негоиот изглед и проблеми, а помалку за успехот на екраните.

Папараците го снимија Пери во јуни со огромна лузна на лицето, несредени нокти и коса. Пери кој четири пати беше номиниран за наградата „Еми“, никогаш не криел дека пател од депресија и зависност. Минатата година поминал три месеци во болница поради проблеми со цревата.

Пери својот последен филм го снимил пред десет години. Во тој период нема снимено ниту една серија. Во февруари актерот се соочи со голем проблем. Иако се пријавил на одвикнување, наводно бил исфрлен поради непримерно однесување.

Иако тој период за Пери бил сресен, наскоро клиниката за одвикнување го повикала назад, а и самиот тој подоцна изјавил дека таму припаѓа. Иако серијата „Пријатели“ стана апсолутен хит, а денес има милиони верни фанови, на Перу тоа не му било доволно за среќа.

Уште за време на снимањата на серијата, тој почнал да се дрогира. Ситуацијата станала уште покомплицирана пред 22 години. Пери се здобил со тешки повреди за време на несреќата на џет-ски, а поради болките, лекарите му препишале силни лекови за смирување, лекови кои создаваат зависност.

„Ги земав лековите и се чувствував подобро од кога било претходно. Имав голем проблем со таблетите и алкохолот. Не можев да се откажам од нив“, изјавил Пери.

Во серијата „Пријатели“ учествував од својата 24 до 34 година. Тогаш бев на врвот на мојата слава. Се чинеше дека шестмината во серијата, во тоа време имавме сè. За мене тоа беше осамен период. Се борев со алкохолизмот. Го имав тој проблем и пред „Пријатели“, но тоа е болест која напредува“, искрен е Пери.

Денес Пери е далеку од гламурот на црвените теписи. Својот дом во Малибу го претвори во дом за зависници и вели дека на тој начин сака да им помогне на другите. Сепак и покрај добрата намера, познатата „Куќа на Пери“, неговиот центар, пропаднал поради лошото водење на финансиите. На крајот морал да биде затворен.

Во својата борба со дрогата и алкохолот, Пери имал дополнителна несреќа што тешко заболел и од акутен панкреатит. Тоа е болест од која патат тешки алкохоличари и наркомани. Пред два дена актерот го прослави неговиот 50. роденден.

Scroll to Top