Метју Пери е заљубен во Кортни Кокс

Глумецот Метју Пери се заљубен во неговата колешка и голема пријателка Кортни Кокс, пишуваат странските медиуми. Извор близок до двојката открива дека Метју никогаш не ја преболел Кортни и дека низ годините постојано се обидувал да ја сокрие оваа тајна од јавноста.

„Метју и Кортни отсекогаш беа во феноменални односи. Како за време на снимањето на серијата „Пријатели“, така и надвор од неа. Во „Пријатели“ глумеа најдобри другари кои се заљубуваат, а потоа и се венчаат. Така беша и надвор од серијата. Секогаш одлично се согласуваа“, вели изворот.

Веста за Метју и Кортни брзо се рашири низ социјалните мрежи, а многумина се надеваат дека нивниот одличен однос, ќе биде причина плус за повторно се снима популарната серија. По 25 години откако беше снимена првата серија, „Холивуд Репортер“, сега пишува дека шестмината глумци се во преговори за повторно да снимаат.

Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Лиса Кудрои, МетЛе Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер повторно ќе ги гледаме заедно, пишува „Холивуд Репортер“, кој објаснува дека покрај нив, голема желба за повторно снимање имаат и сценаристите Дејвид Крејн и Марта Кауфман.

Scroll to Top