Метју Пери се бори со депресијата

Актерот од серијата „Пријатели“ Метју Пери за прв пат е виден во јавноста по две години низ улиците на Њујорк. Светските медиуми пишуваат дека Пери се бори со зависноста и депресијата.

Неговите фанови во коментарите на социјалните мрежи ја изразија својата загриженост по видените фотографии од Пери на кои изгледа целосно уништено издание.

Метју минатата година минал три месеци во болница кога му бил опериран чир на желудникот. Тој вчера е виден како шета низ улиците на Менхетен во запуштено издание. Неговата маица и тренерка биле нечисти, а можела да се види и прекумерната килажа. На рацете биле забележливи и неговите запустени и долги ноки.

Неговото надуено лице и предолгата коса и брада го нарушиле имиџот на некогаш популарниот Чендлер од серијата „Пријатели“, коментираат фановите.

 

 

Scroll to Top