Ми беше страв да се погледнам во огледало, се убив себе си: Наоми Кембел за зависноста од кокаин

Познатата манекенка Наоми Кембел зборуваше за својот живот во деведесеттите во новиот документарен филм „Д Супер Моделс“.

Наоми Кембел во тие години беше на врвот на кариерата, а во новиот документарен филм зборуваше за зависноста од дрога која за малку ќе ја убиеше.

Сакала да ја заборави траумата од детството и да се помири со смртта на Џани Версаче, кој и бил близок пријател, па се свртела кон кокаинот.

„Една од работите што се обидував да ја сокријам беше тагата. Зависноста е таква. Тоа е опасна работа, навистина е. Мислите дека ќе ја залечи раната, но нема. Може да предизвика многу страв и анксиозност“, изјавила Наоми за Дејли Мејл.

„Џани ме натера да излезам и да продолжам понатаму кога не мислев дека можам. Кога тој умре, мојата тага стана преголема“, додаде таа. Пет години се бореше со зависноста, а во 1999 година колабира за време на снимањето. Тогаш, вели таа, сфатила дека мора да се пријави за рехабилитација.

„Тоа беше една од најдобрите работи што можев да ги направам за себе во тоа време. Беше страшно да се погледнам во огледало. Не можете да ги скриете чувствата. Се убив. Беше многу болно”, заклучила Наоми, која тврди дека главната причина што ја натерала да почне да зема супстанци била траума од детството.

Имено, познатата манекенка пораснала без нејзиниот татко кој ја напуштил нејзината мајка додека таа била бремена.

Scroll to Top