Ми даде шанса да почнам нов живот, Шерон Стоун му се заблагодари на докторот кој и го откри туморт на глава

Актерката Шерон Стоун (65) неодамна се приклучи на Одборот на директори на невролошката фондација Бароу, водечки институт за невронаука во светот, со цел да ги поддржи во нивната понатамошна работа.

Притоа, таа го поддржала и претседателот на институтот Мајкл Т. Лотон, кој и го спасил животот.

„Горда сум што можам да ја поддржам работата на неверојатниот Мајкл Т. Лотон и Невролошкиот институт Бароу. Можете да им помогнете и на нивното револуционерно истражување со резервирање на билет за Невро ноќта на 27 октомври“, актерката ја повика јавноста да го поддржи овој институт.

Шерон изјавила дека токму овој брилијантен неврохирург успеал да и го спаси животот и и дал втора шанса за живот.

„Оттогаш имав време да размислувам и да проценам што е важно за мене, а што не. Се трудам секој ден да го живеам максимално, ценејќи ги сите врски што ги изградив и можностите што ми се дадени. Тој ми даде можност да започнам ново патување во мојот живот и благодарение на неговото водство Фондацијата Бароу тргнува на ново возбудливо сопствено патување “, додала актерката.

Да потсетиме, Стоун доживеа мозочен удар во 2001 година и имаше многу мали шанси да преживее. Таа не можеше да оди, не гледаше и слушаше добро. Нејзиното здравје се влошило и бил откриен тумор кој морал веднаш да биде отстранет.

Потоа, за жал, мораше да се збогува со кариерата, а на малите екрани се врати дури во 2010 година, кога се согласи да игра гостинска улога во серијата ‘Law and Order: Victims Unit’.

Scroll to Top