„Ми држеа пиштол на глава“, Ирина Шајк за траумите од детството

Светскиот модел Ирина Шајк во интервјуто кое го даде за „Вог“, прозборе за своето најтрауматично искуство кое го доживеала како дете. Откри дека кога имала шест години, во нејзиниот дом проваиле маскирани лица, а едниот од нив и се заканил со пиштол.

„Едниот од нив ми држеше питшол на главата. Подоцна се испостави дека лицата кои провалија во нашиот дом ги испратил најдобриот пријател на татко ми. Можеби затоа денес немам многу пријатели. Тешко ми е да се поврзувам и да им верувам на луѓето“, открива Ирина.

 

Scroll to Top