„Ми го проверуваа пулсот, да видат дали сум жив“, Џастин Бибер раскажа за својата зависност од дрогата

Канадскиот пејач Џастин Бибер во својот документарец на „Јутјуб“, раскажа за проблеми со дрогата и годините кога бил премногу зависен, што во еден момент почувствувал дека може да умре. Пејачот се отвори во јавноста и објасни дека имал среќа навреме да се вразуми и да прекине со земањето на разни дроги, пишува Music News.

„Луѓето не се свесни колку дрогата и зависноста може да бидат сериозни. Мене ме донесоа до состојба во која почувствував дека можам да умрам. Во тие пробллематични години земав разни дроги и таблети. Речиси секое утро ми почнуваше со некакви опасни супстанци“, вели Бибер.

Пејачот објаснува дека неговата зависност отишла до тој степен што неговиот тим од обезбедувањето, во текот на ноќите морале да го проверуваат, за да се уверат дека е жив.

„Многу ноќи ми го проверуваа пулсот. Беше застрашувачко“, вели Бибер.

Тој вели дека на 13 години станал зависен од марихуана. Сега откако се решил од зависноста, Бибер вели дека се чувствува многу подобро. Тој им се заблагодари на многу луѓе кои му помогнале да почне нов живот.

 

 

Scroll to Top