„Ми кажаа да се подготвам за смртта“, Селма Блер за борбата со болеста

По скоро една година откако на позната актерка Селма Блер ѝ е дијагностицирана мултипла склероза, актерката  вели дека нема повеќе опции за да ги ублажи болките и има физички потешкотии поради состојбата во која се наоѓа.

„Средствата за ублажување на симптомите не помогнаа и се чувствувам многу лошо поради тоа“ – изјавила Блер. Во  потрага по опции за да преживее докторите и препорачале да ѝ се пресадат матични ќелии, но и агресивна хемотерапија за незините ќелии да можат да се обноват.„Реков дека не сакам да го направам тоа, затоа што не сакам да си го уништам телото. Зошто во своето тело би ја ставала таа ужасна дрога, хемотерапија? Па, немам рак“ – изјавила Блер која сепак подоцна земала мала доза хемотерапија пред да ѝ бидат пресадени матичните ќелии.

 

Таа додала дека веднаш почувствувала олеснување.

„Докторите ми кажаа дека треба да се подготвам за својата смрт. Му го кажав тоа на мојот син кој кажа дека сака да ме кремираат“ – изјавила актерката, а пренесува „Пипл“  Таа вели дека сега чека да ѝ порасне косата која ѝ опаднала поради хемотерапиите, но и дека тоа што ја нема не ѝ пречи многу.

„Важно ми е само што подолго да бидам покрај мојот син“ – заклучила актерката.

Scroll to Top