Мики Рурк и Роберт де Ниро се скараа пред 30 години и сè уште не зборуваат

By

Многумина веќе заборавија, а некои и не се сомневаат дека Мики Рурк и Роберт де Ниро се мразат уште од 1987 година.  И во 2020, тие сè уште се лути. Речиси пред 34 години заедно глумеа во трилерот „Ангелско срце“. Де Ниро е 10 години постар од Рурк и кога тој ја започнуваше својата актерска кариера, Де Ниро веќе беше суперѕвезда со „Кум 2“, „Таксист“ и „Ловец на елени“. До 1987 година, самиот Мики беше миленик на милиони гледачи, но тој го почитуваше Де Ниро и беше воодушевен што ќе соработува со него. Сепак, Де Ниро одби да комуницира со младата sвезда во подем.

Последно што Рурк откри е дека Де Ниро го терал „да му се потпикнува“ и нему и на режисерот на „Ангелско срце“. Ова, според многумина, се должи на методот на работа на Роберт де Ниро – тој се обидува да остане во улогата и зад сцената, ама  Мики Рурк бил навреден од тоа.

Тој неодамна за медиумите изјави дека Мартин Скорсезе сакал да го ангажира за улога во филмот „Ирецот“. Сепак, не бидна од тоа ништо бидејќи Роберт Де Ниро одбил да снима со него.

Како одговор, Де Ниро рече дека Мики Рурк не ја зборува вистината и дека никогаш не бил консултиран за улогата во „Ирецот“. Реакцијата на Мики Рурк не се чекаше долго. Тој на Инстаграм објави напис полн навреди кон неговиот колега, нагласувајќи дека ова е првпат во неговата кариера некој да го обвинува за лага.

Ќе ви се допадне

Watch Horimiya Episode 1 at website https://animeheaven.pro. See more bleach anime heaven

Ex-Arm Episode 3 at website https://gogoanime.be fruits basket gogoanime