Мила Јововиќ чека трето дете

Глумицата Мила Јововиќ на 43 години го чека третото дете. Три месеци откако објави дека имала спонатан абортус, таа на „Инстаграм“ сподели слика на која го покажа трудничкиот стомак. Актерката откри дека со сопругот Пол Андерсон ја очекуваат третата ќерка.

„Повторно бремена. Откако дознав дека сум бремена пред 13 недели, имав помешани чувства, кои одеа од потполна радост до апсолутна преплашеност. Поради мојата возраст и поради спонтаниот абортус, не сакав пребрзо да се приврзам за ова потенцијално бебе. Тоа очигледно не беше забавно и последните неколку месеци јас и моето семејство живеевме на игли, чекајќи куп резултати од различни тестови. Најголемиот дел од нашето време бевме на доктор. Фала Богу, сега сме на чисто и дознавме дека сме благословени со уште едно девојче. Посакајте ни мене и на моето бебе среќа! Ви испраќам на сите многу љубов и ќе ве известувам за мојот напредок!“, напиша глумицата.

Пред само три месеци холивудската ѕвезда раскажа дека имала итен абортус пред 2 години. Таа тогаш била на снимање во Источна Европа и почнала да се породува предвреме. Мила го сподели своето страшно искуство со јавноста откако во Џорџија беше предложен закон кој го забранува абортусот.

Мила Јовович проговори за траумите од абортусот

Scroll to Top