Манекенката Миранда Кер, некогашниот ангел на „Викторија сикрет“ повторно чека бебе, една година откако го доби синот Харт.
Миранда и основачот на апликацијата Snapchat, Еван Шпигл, се венчаа во март 2017 година, а во мај 2018 година станаа родители на нивното прво заедничко дете.
„Миранда, Еван, Флин и Харт се радуваат на новиот член на своето семејство, кое треба да стигне наскоро“, стои во соопштението испратено до јавноста.
Миранда од бракот со актерот Орландо Блум има и седумгодишен син по име Флин.