Миранда од „Сексот и градот“ ќе режира геј-претстава

Глумицата Синтија Никсон ќе биде режисер на Бродвеј. Таа ќе ја режира геј-претставата Last Summer at Bluefish Bay, пишува порталот „Њујорк тајмс“.

Во проектот се вклучени познати жени, меѓу кои и Елен Деџенерис и Порша де Роси, па Лили Томлин и Џејн Вагнер. Претставата раскажува за жена која го напуштила сопругот и која создава ново пријателство со група жени, кои секое лето го поминуваат во колонија на плажа.

Last Summer at Bluefish Bay е една од првите современи геј-претстави, која постоигна голем успех уште пред две децении.

Scroll to Top