Миранда од „Сексот и градот“ се кандидираше за гувернер

Актерката Сара Џесика Паркер ја поддржала својата колешка од серијата „Сексот и градот“ Синтија Никсон на изборите за гувернер на сојузната држава Њујорк.

Никсон, која е позната по улогата на Миранда Хобс, овој месец ја најавила својата кандидатура за гувернер.

„Моја сестро од екранот и надвор од него, ги имаш мојата љубов, поддршка и глас“, навела Паркер, која во серијата ја глумеше Кери Бредшо.

Паркер на постот на Никсот на „Инстаграм“ ја опишала својата колешка како мајка, активистка, борец, њујорчанка и драга пријателка.

Изборите за гувернер на Њујорк ќе бидат одржани на 6 ноември, кога ќе биде и гласањето за Конгресот.

Актуелниот гувернер, демократот Ендру Куомо, според анкетите, има убедлива предност во однос на Никсон.

 

Scroll to Top