Мис Америка ги навредувала колешките од Виетнам и Камбоџа, не знаеле англиски

Американската претставничка за избор на Мис Универзум, Сара Самерс, направила голем скандал во пресрет на изборот за светска убавица, откако јавно ги навредила колешките од Виетнам и Камбоџа.

Сара во видеото кое јавно се појави на Инстаграм, зборувала ѝ ги исмејувала колешките. Таа изјавила дека тие двете не знаат да зборуваат англиски јазик. Американката во видеото се обидувала да ја имитирала Мис Виетнам.

„Многу е слатка кога глуми дека разбира англиски. Кога ќе ѝ постават прашање, таа само мрда со главата ѝ ќе се насмее“, изјавила Сара.

Уште поголем скандал американската претставничка направила оговарајќи ја Мис Камбоџа.

„Мис Камбоџа дојде да се натпреварува на Мис Универзум, а не разбира ниту еден збор на англиски јазик. А никој од присутните тука не го зборува нејзиниот јазик. Можете ли да замислите?“, изјавила Сара.

Американката се извинила, но многумина сметаат дека нејзиното каење не било искрено. Скандалот се случил во пресрет на изборот за Мис на Универзумот, кој ќе се одржи во Тајланд.

Scroll to Top